Маските конечно паднаа, новата власт кај нашиот сосед јасно покажа дека најголемиот страв на политичката класа во оваа држава е да го препознае самото постоење на зборовите „Бугарин“ и „бугарски“ во РСМ. Ова како што пренесуваат бугарските медиумите, пред новинарите го изјавил бугарскиот претседател Румен Радев.
– Сега станува многу јасно зошто во пролетта 2021 година, како претставник на Бугарија во Советот на ЕУ, подолг период го преместив фокусот на европските институции и лидери од заштитата на нашата историја, култура и јазик во заштитата на правата на Бугарите. Стана јасно зошто ја покренав идејата за нивно вклучување во уставот на земјата како важен предуслов за почеток на преговорите за членство и ја бранев оваа кауза до самиот крај, вели Радев.
Но, денес, додава Радев, „конечно маските падна кај нашиот сосед и јасно се покажа дека најголемиот страв на политичката класа во оваа земја е да се препознае самото постоење на зборовите „Бугарин“ и „бугарски“ во РСМ“.
– Ова е политика насочена директно против европските принципи и донесени одлуки со консензус на сите земји-членки против меѓународните обврски преземени од РСМ, но особено против сопствените граѓани, кои јасно ги декларираа своите амбиции за европски развој на земјата. Очекувам итни конкретни дејствија и од бугарската влада и од европските институции за почитување на европските принципи и норми во процесот на проширување, за гарантирање на неповратност и одржливост во афирмацијата на принципите на демократијата и главните критериуми во почитувањето на човековите права. Ако ЕУ не се заложи за европската перспектива на Балканот, врз основа на јасни принципи, норми и вредности, тогаш порано или подоцна Балканот ќе ја соочи Европа со балканизација, изјави Радев, ренесуваат медиумите во Бугарија.