Во фокусот на разговорите на бугарскиот претседател Румен Радев со претседателката на Косово, Вјоса Османи била и бугарската заедница во Косово.
Радев беше во дводневна посета на Косово.
На средбата било разговарано и за можноста Бугарите во Косово да се признаат како заедница. Радев рекол дека скоро 15.000 луѓе имаат бугарска самосвест, а во јануари годинава била поднесена петиција до Парламентот на Косово со барање тие да бидат признати како независна заедница.
Вјоса Османи ги обврзала властите во земјата да ги почитуваат сите стандарди на претстојниот попис на населението во Косово, да го направат процесот транспарентен и да ги гарантираат правата на сите малцинства.
– Бидејќи српското малцинство во моментов го бојкотира парламентот во Приштина и не учествува во гласањето на законските измени, тоа го отежнува и донесувањето на нормативни акти поврзани со статусот на малцинствата, рече Османи.
Бугарија, како и сега пред пописот во Косово и пред неодамнешниот попис во Албанија, врши засилена пропаганда и поткуп со пасоши меѓу Македонците кои таму живеат, да се попишуваат како Бугари.