Бугарскиот претседател Румен Радев реагира за пораките на неговиот колега Стево Пендаровски дека македонското малцинство во Бугарија е факт и оти треба да биде впишано во Уставот на Бугарија исто како што Софија бара за внесување на Бугарите во Уставот на Македонија.
– Очигледно, некои политичари во С. Македонија се обидуваат да ја осознаат реалноста на потешкиот начин. Тоа не им носи никаква полза. Напротив, досега имаа доволно поводи и настани за да се убедат дека нивното антиевропско однесување и однос кон Бугарија на ниту еден начин не им носи придобивки и ги оддалечува од нивното членство во ЕУ, ја пренесува Експрес изјавата на Радев што ја дал пред новинари во градот Летница на северот од Бугарија.