Политичката ситуација е доволно сложена и бара многу внимателен пристап, дијалог и здрав разум од сите одговорни фактори, изјави бугарскиот претседател Румен Радев во „Софија тех парк“.
Шефот на државата учествуваше на официјалната церемонија на потпишување на декларацијата со која Бугарија ќе се приклучи кон Европската алијанса за батерии.
-За разлика од претходните, ова 49. Народно собрание не може да си го дозволи луксузот да не донесува критички важни закони, дури и да нема влада, забележа бугарскиот претседател.