Одбранбениот фудбалер на Баерн, Рафиња изјави дека му било добро во Минхен, но и дека е дојдено време за разделба.
Претходно, тој соопшти дека ќе го напушти тимот во текот на летото, кога ќе истече неговиот тековен договор.
-Ми беше задоволство да поминам тука осум години. Имав одлични моменти во Баерн. Но, како во многу области, така и тука доаѓа време за крај, изјави рафиња.
Бразилецот играше за Баерн од 2011 година. Како дел од баварскиот клуб стана шампион на Германија шест пати, три пати победник на Купот на Германија, три пати го освои Супер купот. Има и еден трофеј во Лигата на шампионите, Супер купот на УЕФА и Светскиот клупски шампионат.