Трка од шампионатот во Формула 1 следната година ќе се вози во Холандија. Менаџментот на Формула 1 го објави вклучувањето на ГН на Холандија во својот календар.

Трката ќе се одржи на патеката „Зандворт“.

-Зандворт. Доаѓаме! „Holland Grand Prix“ се враќа. Се гледаме во 2020 година, стои во пораката на Ф1.

Последен пат на оваа рута Гран-при во Формула 1 се одржа во 1985 година.