Официјален Техеран ги поддржува разговорите за иранската нуклеарна програма со шесте големи сили, кои ќе бидат ориентирани на резултати, изјави иранскиот претседател Ебрахим Раиси.
– Ние сме сериозни во врска со преговорите базирани на резултати … Ако Американците се сериозни, неправедните санкции против Иран треба да се отстранат, изјави Раиси за државната телевизија.
Во април, Иран и шест светски сили започнаа разговори за враќање кон договорот откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп донесе одлука да ги повлече САД од договорот пред три години и повторно воведе санкции против Иран. Разговорите беа прекинати по изборот на Раиси во јуни.