Ракета погоди болница во Ашкелон

/ 11.10.2023

 Ракета истрелана од Газа погоди болница во јужниот израелски град Ашкелон.

Израелскиот јавен сервис Кан јави дека болницата Барзилај била директно погодена. Засега нема извештаи за жртви.

Израелски функционер претходно предупреди дека Газа ќе стане град на шатори.

– Газа ќе биде срамнета со земја, рече претставник на израелската одбрана и предупреди дека Газа ќе стане „град на шатори“, пренесе Индипендент.

Официјален израелски безбедносен претставник изјави дека „во регионот нема да останат згради“.

Во исто време, официјалната палестинска новинска агенција јави дека израелските сили убиле тројца Палестинци во селото Кусра во близина на градот Наблус на Западниот Брег. Според палестинската Црвена полумесечина, други 11 Палестинци биле ранети со проектили.


Од истата категорија