Македонската ракометна репрезентација победнички ги отвори квалификациите за пласман на Европското првенство 2028.
Селекторот, Кирил Лазаров и неговите момци на домашен терен ја оправдаа улогата на фаворит против Луксембург, славеа со 41-23 (20-10).
Мартин Томовски имаше 13 одбрани, во своето деби за националниот дрес, Горига постигна три гола. Костески постигна 6 гола, Петковски и Серафимов имаа по пет гола.
Следен противник на „црвено-жолтите“ е репрезентацијата на Грција, дуел кој го играат на гостински терен во недела.




