Македонски репрезентативец Кире Лазаров ќе има свој клуб и во Првата македонска ракометна лига, откако клубот КЛ7 и официјално беше пријавен за настап во второто по квалитет натпреварување на домашната сцена (зад Супер-лигата), објави порталот Екипа.

Овој клуб умешно ги поставуваше темелите во изминатите години, создаде силни екипи во младинските категории, за сега да се направи чекор напред и да се пријави сениорски тим, во кој младите би добиле можност да ги продолжат кариерите на највисоко ниво.

Клубот, како што пишува порталот, ќе биде базиран во Скопје, а домаќин ќе биде во салата Расадник, доколку се финализираат преговорите за нејзино преземање и реновирање со помош на спонзорскиот тим на Лазаров. Тренер на тимот е поранешниот стратег на Вардар, Андон Бошковски, кој ланската сезона ја мина на чело на суперлигашот Струга.