На почетокот на следната недела Милан ќе го објави новото засилување од Фламенго, Бразиелот Лео Дуарте.

Според бразилските медиуми, Милан се согласил да му плати на Фламенго 11 милиони евра за услугите на Дуарте, односно 10 милиони евра плус еден милион во бонуси.

Росоњерите сега само чекаат на заокружување на документите пред 23-годишниот фудбалер да тргне кон Милан за да ги изврши лекарските прегледи, по што ќе уследи и ставањето потпис на договорот.

Инаку, Дуарте учествуваше на денешниот подготвителен тренинг и сигурно ќе отсуствува на утрешниот натпревар на Фламенго против Ботафого.