Албанскиот премиерот Еди Рама остро реагираше по изјавите на вршителката на должноста претседател на Косово, Вјоса Османи, дадени за време на нејзината официјална посета на Тирана.

Рама отсечно порача дека Албанија нема проблем со Косово, но оти косовската политика има проблеми со себе си бидејќи, според него, нивната внатрешна политика одамна се претворила во надворешна и обратно.

-Велам дека секако нашата цел беше и останува да има нула проблеми со соседите, но нула проблеми со соседите не значи да се сокријат проблеми, тоа значи искажување на истите. Надвор од тоа, во овој случај не е дека имаме проблеми, немаме проблеми со Косово. За жал, Косово има проблеми со себе си и ако можам да направам концизна дефиниција за проблемот што го гледам таму, тоа е дека долго време домашната политика стана надворешна политика и обратно, рече рама.

Додаде дека ова го исцрпило Косово внатрешно и надворешно и наглас дека тоа е проблем што го гледа со голема загриженост.

– Во сите мои разговори со лидерите во Косово,но и јавно се обидов да го објаснам, секако без да сакам да наштетам на никого и за ништо. Типично е што се случува со пристапот кон балканскиот Шенген, каде што еден од столбовите на

надворешната политика, што има врска со регионалната политика, стана како замокот Розафа во Косово, некои го градат дење, некои го уриваат ноќе,рече Рама.

За него,како што посочи, е незамисливо легитимната влада да ја потпише волјата на државата Косово во Белата куќа и да се појави во Албанија вршителката на должност претседателка и да ја спроведува „внатрешната политика со овој столб на надворешната политика на Албанија и Косово“.

-Ова нема никаква врска со односите меѓу државите, туку е идејно и во функција на потребата да премине во друга функција на дипломатската војна со Србија. Не се добива војната со Србија на овој начин, со вртење на национално-фолклорен и вулгарен нож. Дипломатската војна се води со сосема други средства. Фејсбук, Инстаграм, изјавите, не ги заменуваат пушките и не се користат ниту како топови, ниту како бомби и гранати, бидејќи тие едноставно се повредуваат себе си, а не противникот. Со таа форма, ние никогаш не би го пуштиле во функција далноводот Албанија-Косово, рече Рама