Премиерот на Албанија Еди Рама во интервју за „Коха“ беше прашан за односот меѓу Македонците и Албанците и за меѓуетничките односи. Тој објасни дека Македонија била суверена држава која цврство стои на две нозе.

Едната нога се Македонците, другата нога се Aлбанците.Албанците во Македонија се државотворен народ.Нема Македонија без Македонците, како што Македонија без Албанците.Ако Македонија ослабне ние во Албанија не сме посилни туку послаби, рече Рама.

Сепак во истото интервју Рама го пофали премиерот Мицкоски за неговиот однос кон албанскиот јазик.

“Мицкоски во ни еден момент не ми остави впечаток дека има резерва кон албанскиот јазик или дека има пристап на супериорност на македонскиот јазик над албанскиот.Секако ова не значи дека нема да бидеме будни и внимателни и да толерираме било каква суперност и уназадување на јазикот.”

Видеото со Рама можете да го погледнете на следниот линк.