Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Серхио Рамос го покани Лионел Меси да се смести во неговата куќа. Во вторникот, 10 август, ПСЖ го објави трансферот на 34-годишниот Аргентинец, на кого му заврши договорот со Барселона.

– Ако вие и вашето семејство претпочитате да живеете во куќа отколку во хотел, можете да се сместите кај мене го цитира „АС“ Рамос.

Изворот исто така забележува дека Серхио многу го почитува Лео и дека сега тој ќе го заштитува на теренот, иако претходно играа во Шпанија во ривалски клубови.

ПСЖ моментално бара нов дом за Меси и исто така бара соодветни училишта за неговите три сина: Тијаго, Матео и Чиро.