Maкедонската ракометна репрезентација се наоѓа на 18. место на листата најдобри ракометни сили на Европската ракометна федерација.

Машката репрезентација на Македонија собра 94 бода од Светското првенство во Египет, Европското првенство во 2022 во Унгарија и Словачка, како и Светското првенство во 2023 во Полска и Шведска.

Очекувано, на врвот се наоѓа актуелниот светски шампион Данска, а потоа следат Шведска и Шпанија. Место во топ 10 добија уште: Франција, Норвешка, Германија, Унгарија, Хрватска, Исланд и Словенија.