Бројот на починати лица од коронавирусот во Италија нарасна на 631, што сметано од синоќа претставува зголемување за 168, јави дописникот на МИА.

Бројот пак на заразените лица со новиот вирус достигна 10.149.

Овој раст според епидемиолозите е голем, имајќи во предвид дека вчера бројката на заразени беше 9.172. Исто така бројот на пациенти кои се на интензивна нега од 733 се зголеми на 877.

И натаму најмногу заразени има во областа Ломбардија.

Поради неконтролираното ширење на Ковид-19 италијанските власти од вчера прогласија карантин на целата територија на државата.