Се растрчаа денеска комуњарските новинарчиња за да се докаже дека сестрата на експертот Цаца Николовска, омилената докторка на Венко Филипче, Цаца Билјановска, не можела кривично да одговара, оти од денеска ќе важело казнувањето за непридржување кон здравствените прописи.

Се разбира, на браникот на татковината е и скопското Обвинителство кое вели дека Цаца не можела да одговара зашто постоеле два случаи кога тоа било можно, но во овој не биле исполнети условите.

Во првиот случај, таа не можела да биде гонета зашто се уште не е докажано дека некому ја пренела болеста, а вториот случај предвиден за вакви ситуации за КЗ, не можел да се примени зашто не била прогласена епидемија.

Настрана загарчињата, Обвинителството лаже дека не може да ја гони докторката. Еве и зошто.

Првиот случај, кога се бара директна врска меѓу заразениот и новозаразените, ОЈО, очигледно свесно го толкува прилично еднолиниски и тесно. Имено, таквиот начин на толкување вреди кај ситуациите како што е, на пример, вирусот што предизвикува СИДА, па се бара свесен и директен контакт меѓу носителот на вирусот и тој кому му го пренел.

Но, ова не е таков вирус. Тој може да се пренесе и преку кашлање. Вработени од ТЦ Зебра тврдат дека докторката во саботата комотно си поминала низ Трговскиот. Во крајна линија, не е ни битно дали е тоа точно. Таа во сите тие денови по враќањето од скијање во Италија, се движела (на скијање во Италија? Се разбира!) Да претпоставиме дека се накашлала, поминал крај неа хронично болен од било кој крај на Македонија, на пример, Делчево), се заразил, со оглед на хроничната болест настануваат потешки последици и приказната завршува. Ќе одговара некој? Според загарчињата и ОЈО – не. Зашто нема шанси да докажете дека тоа случајно разминување довело до заразата кај починатиот, кој во меѓувреме заразил други, кои заразиле трети, некои починале, некои оздравеле, но кому му е гајле. Директорката е од нашите.

Така што ваквото тесно толкување на одредбата од член 205 од КЗ, само го затскрива очигледниот криминал со „пренесување на заразна болест“. Патем, за да нема забуни, оваа одредба е иста како и одедбата од Кривичниот закон на СРМ од 1986 година. Во меѓувреме поминале 34 години, и сфаќањата и во медицината но и на општо ниво се сосема измените за да може како преносител на заразната болест да се смета само тој кој пренел вирус како во случајот со вирусот на СИДА.

Но, еве нека е така. Затоа постои член член 206 од КЗ (член 115 од КЗ на СРМ), за кој од ОЈО, очигледно неписмено и шарлатански, рекол дека не може да се примени бидејќи за негова примена (пренесување на заразна болест за време на епидемија), не била официјално прогласена состојба на епидемија. што отприлика значи дека и за воено злосторство не може да се одговара ако не е прогласена воена состојба. Како во Македонија во 2001 година кога СДСМ не дозволи воената состојба да биде прогласена во Собранието.

Така, излегува дека сестричката на Цаца Николовска нема да одговара. Но, да видиме што за оваа одредба вели Владо Камбовски во еден од неговите оменатир на Кривичниот законик, влучително и на член 206:

Според Камбовски од називот на делото – „Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ – произлегува дека „треба да се работи за болест од пошироки размери, односно болест со епидемиолошки карактер“ (во случајов, веројанто никому не е спорно тоа, освен за ОЈО и за загарчињата). Значи, не се бара посебен акт со кој е прогласена епидемија, како што тврди ОЈО, туку треба да станува збор за болест која има таков карактер. А тој каракетр, се чини, веќе е ноторен факт, со оглед на својствата на вирусот. Кој не верува, во тоа, слободно нека тркне до северна Италија. Или нека го прочита денешната изјава од СЗО во која се вели дека се заканува пандемија. Значи, да повториме, не се бара посебен акт со кој е прогласена епидемија, туку за болест која има таков карактер.

Тоа е првиот момент. Вториот за кој зборува Камбовски во својот осврт кон ова кривично дело, е дека „делото постои и тогаш кога е заболено само едно лице, ако постои опасноста болеста и натаму да се проширува“.

Во овој случај, постои повеќе од едно заболено лице, а сите медицнски мислења и искуства, почнувајќи од Светската здравствена организација, па надоле, се дека болеста се шири со невидена брзина, што можеби не го забележувавме кога беше во прашање Кина, но Италија ни е најдобар пример за тоа.

Третиот момент за кој зборува Камбовски е дека кривичното дело постои и тогаш кога „постои само опасност од таква болест“. Значи, дури и да нема заболено лице, неверојатната опасност од ширењето на болест, чија смртност како што вчера забележа еден наш лекар е поголема од смртноста кај претходните епидемии од ваков или онаков грип, го доведува носителот на корона вирусот кој слободно се шетал и покрај тоа што знаел или можел да знае дека е заразен (фактот што скијачката од Италија е лекар во случајов е отежителна околност), во ситуација да биде кривично одговорен, кога наспроти потребата да се пријави и да биде во изолација постапувал спротивно на важечките и постојните прописи во Македонија за вакви ситуации.

На крај, Камбовски во врска со ова дело заклучува: „Опасноста од пренесување на болеста е само законодавен мотив на инкриминацијата, но ако дојде до пренесување на болеста, сторителот ќе одговара за делото пренесување на заразна болест“, заклучува Камбовски.

И покрај ова, јасно е дека ОЈО нема да постапува. Прашањето е дали ако по 12 април дојде до промена на власта, кривично ќе одговара и обвинителот кој во случајов одбрал да си молчи затоа што Цаца сепак е од нашите. Плус жената скијала во Италија.

На крај, постапувањето на загарчињата во овој случај – дека досега не постоел основ за гонење – е класичен пример за лажење на јавноста. Или, како што тоа модерно се нарекува – продуцирање лажни вести. Ако не се лажам, пред некој ден, шефицата на оваа држава не караше токму поради тоа, ама сигурен сум дека таа не мислеше на овие кученца кои тоа го прават секој ден, зашто и тие се од нашите. Па макар се заразила половина држава.

(точка „в“ од подолната страница се однесува на член 206 од актуелниот КЗ на Република Македонија)