Откако СДСМ вчера на торжествен ден на жалост во кој Макеоднија се сеќаваше на 63-те ангели од Кочани синоќа соопшти дека Извршниот одбор на партијата донел одлука да почне постапка за исклучување на Петре Шилегов, поранешниот скопски градоначалник, пратеник и екс висок функционер на СДСМ. Тој за ова слушна во емисија во живо.

Шилегов рече дека од почит кон денот на трагедијата во Кочани синоќа нема да дава политички изјави.

„Утре ќе го имам коментарот, од должна почит кон луѓето кои го загубија животот на денешен ден. Не мислам дека сега е моментот политички, а имам што да кажам за психотропните супстанци на одредени лица и парите што така лесно ги имаат заработено во изминатиот период“, рече синоќа Шилегов.