Агенцијата за електронски медиуми преку Бирото за јавни набавки бара луксузни пенкала „со минимум трага на пишување од 0,5 мм со сина боја на мастило, со тач механизам, половина од телото светкав столб од циркони и пенкалото да е транспарентно, со испечаетно лого на АЕК во две бои…“

Ова е само дел од описот на набавката на пенкала со циркони, звучници, држачи за телефони во кола и копчиња за кошули со логото на АЕК. И сето тоа со пари од буџетот на АЕК кој го полни народот.

А народот за тоа има поговорка: Нашле, па зашле! Или со еден збор: аздисале!