Германскиот Бундестаг го промени распоредот на седење по седум децении.

Пратениците денеска ја поддржаа желбата на Слободните демократи да не седат покрај крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД).

Седиштата во Бундестагот се распоредени во полукруг со Левицата на едниот крај и Алтернатива за Германија на другиот.

Слободните демократи, кои заедно со централно-левичарските социјалдемократи и Зелените на канцеларот Олаф Шолц, се дел од новата влада која ја презеде функцијата минатата недела, на почетокот на годинава изјавија дека повеќе не сакаат да седат покрај пратениците на АфД.

Новиот министер за правда, а тогашен висок претставник на Слободните демократи, Марко Бушман, во октомври изјави дека неговата партија е во политичкиот центар и затоа сакаат да седат во Собранието во центарот.

Бундестагот го поддржа предлогот според кој Слободните демократи мандатите ќе ги заменат со блокот на Унијата на десниот центар на поранешната канцеларка Ангела Меркел, која сега е во опозиција.

Унијата се спротивстави на промената, тврдејќи дека Слободните демократи треба да го почитуваат седумдеценискиот план за седење во Долниот дом.