Бугарска делегација, сепак, ќе има во „Свети Спас“. Официјално утре во Македонија на утрешното чевствување на 151-вата година од раѓањето на македонскиот револуционер, Гоце Делчев, цвеќе ќе положи бугарскиот вицепремиер задолжен за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев. Како што јави БТА, Демерџиев ќе биде придружуван од неговиот заменик Венцислав Катинов.

Претходно денеска македонскиот премиер Димитар Ковачевски изјави дека нема најава за официјална бугарска делегација која би дошла во Скопје, додавајќи дека секој оној што е добронамерен, слободно може да го најави своето учество.

Бугарското МНР во врска со ова соопшти:

Очекуваме властите на Република … Македонија да обезбедат непречен пристап до црквата Св. Спас“, каде што е гробот на Гоце Делчев, и на официјалната бугарска делегација и на Бугарите од Бугарија и … Македонија кои сакаат да се поклонат“.