По завршувањето на финалето од Лигата на шампионите во кое главната улога ја имаше Герет Бејл кој со два гола му го донесе трофејот на Реал Мадрид, Велшанецот повторно е во фокусот на трансфер пазарот.
Интересот за ангажирање на Бејл го обнови Баерн Минхен, а во трката по него се приклучува и Манчестер Јунајтед.
Најавите за заминување од Реал ги „подгреа“ и самиот Бејл кој стави јасно до знаење дека е подготвен да оди во друг клуб со цел да добие повеќе шанса на теренот.
Бејл во Реал нема статус на стандарден првотимец.
Евентуален негов трансфер во Баерн или Манчестер Јунајтед би можел да надмине 100 милиони евра.