Американскиот претседател Џо Бајден потпиша извршна наредба за ограничување на американските инвестиции во технолошкиот сектор на Кина, вклучително и развој на полупроводници, микроелектроника, квантна технологија и вештачка интелигенција

Според американски медиуми, тоа е знак за растечка тензија меѓу двете светски сили.

Високи претставници на администрацијата рекоа дека тој потег е за национална безбедност, а не за економски интереси.

Регулативата има за цел да ја ограничи способноста на Кина да ги користи американските инвестиции во своите технолошки компании за да ја надгради својата војска, а истовремено да зачува пошироко ниво на трговија што е од витално значење за економиите на двете земји.