Американскиот претседател Доналд Трамп го испрати за ратификација во Сенатот протоколот за присоединување на С. Македонија во НАТО, соопшти Белата куќа.

Во писмото на Трамп до Сенатот се наведува дека „С. Македонија е цврст партнер на САД во сферата на безбедноста, и нејзиното членство во НАТО ќе биде биде од значење за стратешките интереси на САД и Алијансата“.

Протоколот за членство на Македонија во НАТО беше потпишан до земјите членки на Алијансата на 6 февруари 2019 година во Брисел.