РАУЛ ГОНЗАЛЕС: Мислевме со колку голови разлика ќе победиме, а игравме катастрофално

/ 28.10.2018

Раул Гонзалез, бараше зборови за да го опише дебаклот на македонската репрезентација во Кожани.

По поразот од Грција со 28-26, нашиот селектор рече:

-Катастрофа беше нашата игра и во одбрана и во напад. Едноставно бевме многу лоши во сите сегменти и против Турција и против Грција. Сите ние, ракометарите, навивачите, новинарите мислевме само со колку разлика ќе ги победиме ривалите, но денес сите играат ракомет. Миркуловски ни недостигаше, знаеме колку е важен и каков е неговиот стил на игра, но неговото отсуство не е алиби. Имаме два месеци да се поправиме, но во овие два месеци до Светското првенство следи клупската сцена, немаме собир и нема да биде лесно, изјавил Гонзалес, како што пренесе ГОЛ.МК.


Од истата категорија