Францускиот писател од светски глас, Мишел Уелбек во еден свој есеј со наслов „Удри таму каде што треба“, пишувајќи за интелектуалците кои, според него се најодговорни „за телото на општеството“, вели: „Сакајте ја земјата, вие ѓубриња!“ Притоа, се разбира, Уелбек не мисли на македонските интелектуалци туку општо на интелектуалците како културен, социолошки и политички феномен. Инаку, што се однесува до нашите интелектуалци, тие во голем дел го преспаа најважниот период од нашата понова историја. Всушност, со многу мали исклучоци воопшто не реагираа на уништувањето на „телото на општеството“, односно на македонската самобитност, националениот идентитет и на погубните решенија кои допрва ќе треба да се испорачаат кон Грција, Бугарија и Албанија, а потоа да станеме некаква северна, неидентифкувана маса без меморија, културен и национален континуитет и институционална идентификација. Многумина како да тргнаа по умот на „момчето со кацига“, или коцкарот со народ, па сега не знаат како да се спасат од пропаста. Единствениот излез е да се бојкотира референдумот во недела! Друга солуција нема!
Денешен.мк