Искрено, кога ни рекоа дека постои таков човек, приказната веднаш ја ставивме во фиоката за „измислени стории“, зашто ние со такви нешта не се занимаваме. Но тогаш не контактираа од германската амбсада кои токму преку нас сакаа да ја најдат таа личност и да видат што има против Германија. Е тогаш, ние се замисливме и тргнавме во потрага, пишува во својот сатиричен осврт за состојбата во БиХ, порталот „50 нијанси на пиво“.

Го пронајдовме во едно место недалеку од Нови Град. не замоли да не му го откриваме индетитетот, за случајно да не дојде до меѓународен инцидент поради неговиот термин. На прв поглед, станува збор за крајно просечен жител на БиХ, кој е слабо платен, едвај врзува крај со крај и не гледа никква иднина. Затоа ни беше уште почудно што нема закажано термин во германската амбасада.

„Датумот на важење на пасошот ми е истечен, а немам пари за нов“, рече.

Така, ете разрешивме една мистерија. Колку да бидеме мирни, пишува порталот.