Бугарските тајни служби во 90-те беа многу силни и подготвени, бидејќи беа спој на источната и западната разузнавачка школа и тие секогаш работат за исполнување на националните интереси на државата, додека кај нас имаше периоди во кои одредени власти (СДСМ), не спречуваа во дејствувањето кое ни било должност и кое сме сакале да го работиме, посочи поранешниот разузнавач и безбедносен аналитичар Владо Јовановски во НАТКАСТ со Љупчо Цветановски.

-Нивните служби уште од првата Бугарска држава во 19 век се длабоко инволвирани во спроведување на политиките на националните интереси на државата, по дефиниција така и би требало да бидат и нашите. Мое мислење е дека, за жал, многу, многу послабо сме работеле на сето тоа, воопшто. Имало периоди кога ние, кои сме сакале и ни било должност тоа да го  работиме, сме биле спречувани. Во смисол – службите, нели, ги насочува политиката. Не може службата самостојно да спроведува акции и така натаму, туку мора да дејствува според насоките од државниот врв. И така, не праќале на друга страна „не гледај таму, гледај таму“ и така, се’ со цел да не им изреметиме некои нивни лични претензии, желби, замисли и така натаму, потенцира Јовановски, алудирајќи на времињата на владеењето на СДСМ, периоди кога неподобните, промакедонски и патриотски настроени разузнавачи биел разместувани по државата на бенигни позиции, надвор од државните и нациоалните интереси на Македонија.