Без електрична енергија утре од 9 до 13 часот ќе бидат дел од жителите од село Љубош, на стариот пат за село Батинци, општина Студеничани.

Во периодот од 9 до 14:30 часот утре без струја ќе биде и дел од Ново Село, улиците „1“, „2“, „4“, „6“, „8“, „10“, „26“, „30“, „32“, „34“, „36“, „100“ и „108“ и Основното училиште „Тихомир Милошевски“. Од 10 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Александар Мартуков“ од бр. „3“ до „23“ во општина Ѓорче Петров.

Без струја од 9 до 15 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Христо Татарчев“ – подулици „14“, „16“ и „18“ во општина Кисела Вода.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се поради закажани технички зафати во мрежата.