Без струја утре ќе останат дел од Општините Карпош, Сарај и Петровец, соопшти РЦУК.

Од 9 до 15 часот, утре, без електрична енергија ќе бидат корисниците на дел од ул. „Рампо Левката“, ул. „Багдатска“, ул. „Рузвелтова“ (кај Сетек); ул. „Скупи 1“ и „Скупи 3“ во Општина Карпош.

Корисниците од селата: Арнакија, Семениште, Ласкарци, Буковиќ и Раовиќ во Општина Сарај ќе бидат без струја од 8 до 14 часот. Од 7:30 до 9:30 часот, без струја ќе останат корисниците од ул. „Огњанци“ (кон чешма и кон млин во с.Огњанци и корисниците од викенд нас.Петровец пред селото Огњанци во Општина Петровец.