Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Гази Баба, Сарај, Карпош и Кисела Вода, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 08:00 до 15:00 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од улиците „Лазар Поп Трајков“, броеви 25, 27, 29, 31 и 33 во Општина Гази Баба.

Во периодот од 08:45 до 10:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од селата Арнакија, Буковиќ, Ласкарци, Семениште, Паничари, Чајлане и Раовиќ во Општина Сарај.

Во периодот од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од селото Крушопек, Општина Сарај.

Во периодот од 10:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од  улицата „Варшавска“ во Општина Карпош.

Во периодот од 09:00 до 14:30 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците „Балканска“ и „Жил Верн“, како и корисниците кои се напојуваат од воздушната мрежа, Општина Кисела Вода.