Не е за смеење луѓе! Готов автопат до Штип не знаеја да го пуштат во употреба; готов проект за Клинички центар со пари со се пропадна; во Скопје три години им требаа три ѕида да урнат за булевар да се заврши; веројатно уште милион готови вакви примери има.

Вака коментира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски за ова што ни се случува во Македонија.

– Ова со ваксајнс е само надоврзување на демолирањето на Македонија, уништување на довербата на луѓето дека државата може да стори нешто за нив, да ги заштити! Ама затоа се брза и пред време за исполнување на актите од предавството, на бришењето на идентитетот, придавките и културното наследство, на историската посебност. За тоа има/ше рок до почеток и тек на преговори за ЕУ; ама сетете се како трча се да избрише пред време, да не остане нешто македонско! Затоа за Ваксајнс не му се брза, му е гајле! Што има тој да расне доверба на народ во држава? Важно да се упати порака, вадете бугарски, српски, германски, хрватски пасоши! И онака ќе ја брише Македонија од документите, објави Столиковски на Фејсбук.

Поводот е долго најавуваното примање на донацијата на вакцините од Србија за што се уште не била средена техничка документација.