Корисниците од улицата „Кнез Хацон“ во општина Карпош утре од 9:00 до 11:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Од 10:00 до 13:00 часот, без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Мите Богоевски“ од број 73 до број 87, во општина Аеродром.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.