Вкупно 197 мерки, меѓу кои 49 за возење под дејство на алкохол, 20 за возење без возачка дозвола и 37 за возење повеќе од дозволената брзина, изрече Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашната засилена акциска контроли во областа на сообраќајот на територијата на Град Скопје.

Како што информира МВР, изречени се и осум мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за некористење сигурносен појас и девет мерки за минување  на црвено светло на семафор.

Од МВР најавуваат дека и во следните денови ќе продолжат засилените акциски контроли и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се придонесе за посигурни патишта.

Изречени 24 казни за возење под дејство на алкохол во Илинден и Петровец

Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата, синоќа во периодот од 20:00 до 02.00 часот, по полноќ,  спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол на територија на Илинден и Петровец, при што санкционирани се вкупно 24 возачи.

Како што соопшти МВР, на сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведуваат од МВР. 

Санкционирани 193 возачи за возење под дејство на алкохол, од нив 63 во Скопје

Во зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, синоќа во периодот од 20.00 до 02.00 часот санкционирани се 193 возачи. Од нив, 63 на територијата на СВР Скопје, 27 на територијата на СВР Битола, 17 на територија на СВР Штип…

–Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, најавуваат од МВР.

Во Битола санкционирани 27 возачи за возење под дејство на алкохол

Санкционирани се 27 возачи кои управувале возила под дејство на алкохол во зајакнатата акциска контрола што вчера беше спроведена на територијата на СВР Битола во периодот од 20:00 до 2:00 часот, информира МВР.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.