Постојаниот претставник на Иран во Обединетите нации, Амир Саид Иравани, предупреди дека неговата земја брзо ќе реагира на секој напад на нејзината територија и интереси, како и на секоја агресија врз иранските граѓани во странство.
Иравани ги даде забелешките еден ден откако американскиот претседател Џо Бајден рече дека одлучил каков ќе биде неговиот одговор на нападот со беспилотно летало во Јордан во кој загинаа тројца американски војници.
На 20 јануари во израелските напади во Сирија загинаа неколку претставници на иранскиот корпус на гардата на исламската револуција, потсетува Ројтерс.
Во понеделникот, израелската армија нападна локација во Сирија што новинската агенција Тасним ја опиша како „центар на ирански воени советници“. Во нападот загинаа две лица, но иранскиот амбасадор во Сирија ги демантираше овие информации и рече дека жртвите не се ирански државјани.
На 15 јануари Иран нападна израелски „шпионски штаб“ во полуавтономниот регион Ирачки Курдистан.
Фото: архива