СДС се толку одлепени од реалноста штом се одлучуваат да држат вакви прес конференции.
Нивниот директор на ТИРЗ Јован Деспотовски како одговорен за потврди дека државата нема стратегија за привлекување на странски инвестиции, и уште полошо, дека смета дека нема потреба од стратегија.
СДС треба да и каже на јавноста дека Агенција за странски инвестиции и Дирекција за ТИРЗ има над 130 редовно вработени и уште дополнително ангажирани лица на договорни услуги и се со годишни буџети од над 43 милиони евра и просечни месечни плати по вработен од над 52.000 денари. Токму тие функционираат без никаква стратегија, без никаква идна перспектива или концепт.
Единствен инвеститор во ТИРЗ за време на СДС е Пиксел груп основана од Ковачевски.
Вистината е дека Македонија е на дното во региот, нема нови инвестиции има само поволности за фирмите блиски до Ковачевски.