Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, изби на врвот во историјата на клубот меѓу странските играчи според бројот на натпревари во Шпанското фудбалско првенство.

Натпреварот од 26. коло со Атлетико Мадрид (1:1) за 33-годишниот Французин беше 371-от во дресот на Реал.

Бензема го помина Роберто Карлос кој застана на 370 настапи, и сега е лидер меѓу странците на Реал Мадрид по бројот на одиграни натпревари во националната лига.

Французинот игра во Реал Мадрид од 2009 година. Вкупно, тој има 542 натпревари на сите турнири, постигнато 267 голови и направено 140 асистенции.