Предводен од  Зинедин Зидан, Реал Мадрид оваа сезона игра препородено. „Кралевите“ синоќа ја победија Сарагоса во шпанскиот куп и ја продолжија серијата без загубен натпревар која трае повеќе од три месеци и веќе 20 средби.

Тимот има 14 победи и шест нерешени исходи во домашното првенство, Лигата на шампионите и шпанскиот куп.

Последниот пораз Реал го забележа на 19 октомври, во првенствен меч со Мајорка (0:1). Оттогаш Реал ги победи Галатасарај, Легањес, Галатасарај, Еибар, Реал Сосиедад, Алавес, Еспањол, Бриж, Хетафе, Валенсија, Севиља, Саламанка, Ваљадолид и Сарагоса. Нерешено одигра со Бетис, ПСЖ, Валенсија, Барселона, Атлетик и Атлетико.