Раководството на европскиот шампион Реал Мадрид е подготвено да плати 224 милиони евра за Еден Азар, објавија англиските медиуми.

Доколку се случи овој трансфер, тогаш 27-годишниот Белгиец ќе стане најскапиот фудбалер на светот.

Во моментот оваа титула му припаѓа на Нејмар, кој летото 2017 година се пресели од Басрелона во ПСЖ за 222 милиони евра.

Реал во Азар го гледа наследникот на Кристијано Роналдо, кој ова лето се пресели во Јувентус за 117 милиони евра.

На овој трансфер се противи менаџерот на Челзи, Маурицио Сари кој не сака да биде продаден еден од лидерите на тимот.

Преодниот рок во Шпанија завршува на 31 август кога ќе се знае дали Азар ќе премине во Мадрид или ќе остане во Лондон.