Поранешниот претседател на Реал Мадрид, Рамон Калдерон по дуелот против Бриж (2:2) објави фотографија од насмеаниот голман Кејлор Навас. Ова е веројатно алузија за играта на Тибо Куртоа.

За потсетување, Навас го изгуби стандардното место во Реал по доаѓањето на Куртоа и се пресели во ПСЖ.

Куртоа беше исвиркан од навивачите по двата примени гола и беше заменет на полувреме. На негово место во игра влезе Алфонс Ареола. Подоцна се дозна дека замената е извршена поради здравствени проблеми.
После две кола во групната фаза, Реал Мадрид има само еден бод.