Реал Мадрид верува дека ќе биде проблематично да се купи напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе.

Мадридскиот клуб е убеден дека парижаните ќе бараат околу 150 милиони евра за фудбалерот.

Реал Мадрид нема да може да ги исполни овие барања, изјави новинарот Хозе Педрерол во емисија на „Ел Чирингито“.

Интересот на Реал Мадрид за Французинот е одамна познат. Актуелниот договор на играчот со ПСЖ истекува во летото 2022 година.

Фудбалерот оваа сезона постигна 12 гола и направи пет асистенции на 16 натпревари во Лига 1.