Играчот од средниот ред на Фламенго, Рајнер се приближува кон трансфер во Реал Мадрид.

Шпанскиот клуб веќе преговарал за личните услови на 17-годишниот Бразилец, како и за износот на трансферот. Фудбалерот успешно ги поминал и лекарските прегледи, пренесува „О Глобо“.

Рајнер, кој е познат како новиот Кака и важи за еден од најголемите бразилски таленти во моментот, се очекува да остане во Фламенго до летото, а потоа да се пресели во Шпанија.

Играчот од средниот ред има одиграно 15 натпревари за својот клуб, постигнувајќи шест гола и две асистенции досега оваа сезона.