Фудбалерот на Реал, Серхио Рамос, вчеравечер во натпревар од 28. коло од шампионатот на Шпанија постигна еден од трите гола за неговиот тим. Тој има 67 погодоци во Ла Лига и се искачи на првото место кај дефанзивните играчи.

Рамос се изедначи со Роналд Куман, но Рамос има 11 гола од пенал, додека Куман 46.

Оваа сезона, 34-годишниот Рамос има одиграно на 25 натпревари од шампионатот на Шпанија, постигнувајќи шест голови. Тој игра за Реал Мадрид од 2005 година.

По 28 кола, Реал Мадрид е на второто место на табелата со два бода заостанување зад  Барселона.