Во таборот на актуелниот шпански шампион, Реал Мадрид, владее незадоволство од арбитражата на мечот со Мајорка.
Во натпревар од 20. коло на шампионатот на Шпанија, Реал загуби со 1:0 и сега заостанува осум бодови зад лидерот на табелата, Барселона.
Според „Марка“, раководството на мадридскиот клуб ја критикувало работата на судијата Алехандро Ернандез. Мадриѓаните сметаат дека судијата не направил ништо за да ја спречи агресијата на противникот. Крилниот напаѓач на Реал, Винисиус, беше фаулиран 10 пати. Ова е рекорд по направени фаули над фудбалер на Реал во Ла Лига од август 2013 година. Тогаш играчот за врска Иско си заработи 10 прекршоци на самиот на натпреварот против Бетис.
Сепак, од Реал нема официјален став дали ќе биде поднесена жалба за судењето.