Поразот (3:1) од Сосиедад во натпреварот од 36. коло во Примера, за Реал Мадрид беше вкупно 17. во една сезона во сите натпреварувања.

Никогаш порано во 21. век „Кралскиот клуб“ не загуби толку многу натпревари во иста сезона.

Последниот таков неуспех датира од сезоната 1998/99 – пред 20 години кога Реал Мадрид исто така загуби 17 пати.