Просечната плата во февруари 2016 година изнесувала 21.813 денари и со неа можело да се купи повеќе, отколку со просечната плата која годинава во март се качи на 31.080 денари.
Тоа се бројки кои покажуваат номинален износ, но реално повеќе вредела помалата отколку зголемената денешна просечна плата, која актуелната Влада на Димитар Ковачевски, како и претходната на Зоран Заев постојано ја ветуваа и се фалеа дека ја качиле.
Една неофицијална пресметка на вредноста на „помалата и поголемата“ просечна плата дава ваква реална слика, направена според износот на платата и цените на производите тогаш и денес:
Во 2016-та со проселната плата во Македонија можело да се купат 560 литри гориво дизел, а денес со просечната плата може да се купат безмалку половина помалку, односно вкупно 323 литри дизел.
Што се однесува, пак, до лесто споменуваното масло за јадење, со помалата просечна плата од 2016 година можело да се купи и повеќе зејтин. Во 2016-та со 21.813 денари можеле да се купат 364 литри масло за јадење, а денес со зголемената просечна плата од 31.080 денари може да се купат само 190 литри зејтин.
И уште една споредба, според неофицијални пресметки, за лебото и брашното: Во 201-та со просечната плата „на режимот“ можело да се купи 808 килограми брашно, а денес со покачената „социјал-демократска“ плата може да се купат само 518 кг брашно за месење леб.