Големите љубители на ќофтиња нема да можат да одолеат на фантастичниот вкус, а сливите им даваат посебен вкус.

Состојки:

  • 400 грама мешано мелено месо
  • 1 парче леб
  • 4 лажици лебни трошки
  • 1 дл млеко
  • 1 јајце
  • 10 суви сливи
  • 2 главици кромид и 2 чешниња лук
  • 100 грама ориз
  • 1 лажичка мелена пиперка, бибер и сол
  • 6 дл говедска супа
  • 40 грама пармезан сирење
  • 2 дл сок од домати
  • 5 лажици масло

Подготовка:

Потопете го лебот во млеко, исцедете го и издробете го.Ситно исецкајте ги сливите ,кромидот и лукот. Во сад, измешајте го меленото месо, јајцето, издробениот леб, мелената пиперка, лебните трошки и половина од сецканите сливи. Додадете зачини по вкус и добро измешајте.Со раце намачкани со масло, формирајте мали топчиња од подготвената смеса, а потоа пржете ги во врело масло, извадете ги од маслото и оставете ги топли. Додадете го кромидот во маслото и пржете додека не стане стаклен. Потоа додадете ги преостанатите сливи, оризот, солта и биберот и пржете кратко. Крчкајте, повремено додавајќи говедска супа, додека оризот не омекне. Истурете ја смесата во сад за печење. Одозгора наредете ги ќофтињата, а потоа прелијте ги со сосот од домати и смесата од пармезан врз ќуфтињата. Ставете во претходно загреана рерна на 200*C да се печат. Добар апетит!!

Фото: Фрипик