Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а попладне во крајните југозападни региони ќе има услови за слаб дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени.
Во Скопје, сончево со мала облачност и слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Од вторник до крајот на неделата следува период на променливо облачно време со повремен локален дожд. Во вторник ќе има изолирана, а во среда на повеќе места појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Од четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе биде во позначително опаѓање. Во петок и во деновите од викендот се очекува утринската температура наместа да се спушти под нула степени.
Утрово најстудено било во Берово, каде во 7 часот се измерени 0 степени, а најтопло во Гевгелија каде се измерени 15 степени, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи.
Од УХМР информираат и дека 2 степени Целзиусови се измерени во Крива Паланка, 3 во Лазарополе, 4 во Mаврови Анови и Попова Шапка, 5 во Битола, 6 во Скопје-Петровец, Тетово, Демир Капија и Kрушево, 7 во Штип и Струмица, 8 во Охрид, Претор, Куманово, Виница во Кавадарци, 9 во Скопје-Зајчев Рид, и Прилеп, како и 11 степени Целзиусови во Велес.
Фото: архива




