Вистинска драма се одвивала на пешачката патека кај Студенчишта, каде параглајдерист кој изведувал комерцијални летови со туристи, за малку ќе повредел мајка и дете кои мирно се движеле покрај езерото.
Според видеото кое го објавуваме, параглајдеристот летал опасно ниско над пешачката зона, директно над луѓето кои се шетале. Во еден момент, тој за влакно ја промашува жената која била со своето дете, по што удира во столб за улично осветлување, при што истиот е сериозно оштетен.
На снимката јасно се слуша врисокот на исплашената мајка, која во последен момент успева да избегне трагедија. Само среќата спречила инцидентот да заврши со потешки последици, повреди или, не дај Боже, човечка жртва.




