Редената салата е ладно предјадење кое често се подготвува за празници и свечени пригоди. Се одликува со кремаст прелив, што ѝ дава полн и освежителен вкус.
Состојки:
- 400 грама кисела павлака
- 200 грама мајонез
- 1 компир
- 1 морков
- 200 грама шунка
- 3 кисели краставички
- 4 варени јајца
- сол
- бибер
Подготовка:
Измешајте ја киселата павлака со мајонезот, посолете и додајте малку бибер по вкус. Сварете ги компирот и морковот и оставете ги да се изладат. Истото направете го и со јајцата.
Во подлабок сад или во помали модли редете ги состојките во слоеви по следниот редослед:
Најпрво неколку лажици од смесата со павлака и мајонез, потоа крупно рендан компир (посолете и побиберете), повторно слој од павлака и мајонез, рендани и исцедени кисели краставички, повторно слој од павлака и мајонез, потоа крупно рендан морков (посолете), слој павлака и мајонез, рендана шунка, павлака и мајонез и рендани белки од јајца (посолете и додајте малку бибер), завршете со слој павлака и мајонез. На крај, одозгора наросете ситно рендани жолчки. Декорирајте по желба.
ФОТО: Фрипик




